6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААкцијата за плаќање на заостанатите сметки за вода и смет без камата...

Акцијата за плаќање на заостанатите сметки за вода и смет без камата трае до петок – 28 јуни

ЈП Водовод и канализација ги потсетува граѓаните на Град Скопје дека заостанатите сметки за вода и смет без камата можат да ги платат до утре (петок, 28 јуни).

ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП Комунална хигиена – Скопје ги известуваат корисниците коишто имаат заостанат долг за потрошена вода и смет (тужен и редовен) дека имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање се до 28 јуни.

Можноста да се плати долгот без пресметана камата од страна на корисниците е со определено времетраење во рок од 20 дена, сметано од 13 мај до 28 јуни 2019 година. Физичките лица и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП