Водечкото француско здружение за заштита на потрошувачите покренало колективна тужба против американскиот технолошкиот гигант Google поради кршење на правилата на ЕУ за заштита на лични податоци од 2018 година.
Во поднесената тужба, здружението “UFC Que Choisir” бара отштета од по 1.000 евра за секој од 200 Google корисници за кои досега е утврдено дека биле погодени поради користењето на нивните лични податоци од страна на Google.
Тоа е еден од првите случаи на подигнување на судски постапки против технолошките гиганти во врска со примената на новите правила на ЕУ, познати како Општа уредба за заштита на личноста или GDPR, објави агенцијата AP.
Целта на тужбата е, како што беше соопштено, “да се прекине лошата практика за искористување на личните податоци на корисниците, особено оние кои користат уреди со оперативниот систем Android со Google налог”, пренесува Daily Mail.
Во Google не сакаа да дадат коментар.