27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто се случува со Меркел? Таа повторно се тресеше на церемонијата, одбивајќи...

Што се случува со Меркел? Таа повторно се тресеше на церемонијата, одбивајќи вода(видео)

Германската канцеларка Ангела Меркел повторно изгледаше како да не и беше добро и се тресеше за време на церемонијата во Берлин, а слична сцена се случи и пред 10 дена.

Сè се случуваше додека Меркел, која следниот месец полни 65 години, стоеше веднаш до германскиот претседател Франк-Волтер Штајнмаер на церемонијата за назначување на нов министер за правда.

На Меркел и понудија чаша вода, но таа ја одби.

АП известува дека после половина час Меркел пристигнала во парламентот и дека изгледала добро.

Пред 10 дена беше речиси истата сцена, додека Меркел го пречекуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски. Меркел стоеше веднаш до Зеленски на сонце, додека воениот бенд ги свиреше химните на Германија и Украина кога почна да се тресе. По интонирање на химната, таа делуваше подобро. “Испив најмалку три чаши вода, што очигледно ми беа потребни, а сега сум многу добро”, рече Меркел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП