22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСончево и топло со мала до умерена облачност

Сончево и топло со мала до умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 22, а дневната од 25 до 36 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе се искачи до 34 степени.

Во петок и за време на викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе донесе благо спуштање на температурите, а во петок понекаде ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Од понеделник следува период на стабилно и доста топло време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП