3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSiemens отпушта 1,700 луѓе

Siemens отпушта 1,700 луѓе

siemens2

Германскиот индустриски конгломерат „Siemens“, во рамките на реструктуирањето на своето работење во областа на енергетиката, ќе укине приближно 1.700 работни места.

Отпуштањата би требало да се однесуваат на главните производствени фабрики во Ерланген и Офенбах, пренесуваат странските медиуми.

Во фабриките каде што „Siemens“ произведува парни турбини, без работа ќе останат 140 лица. Портпаролот на компанијата одби да ја коментира веста.

Ова одделение во декември минатата година соопшти дека планира да ги намали трошоците и да укине 1.100 работни места бидејќи се обидува да ја зголеми ефикасноста во енергетскиот сектор.

Работењето во областа на енергетиката остварува една третина од прометот на „Siemens“ и во следните две години ќе учествува со повеќе од половина во планираните заштеди од шест милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП