24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакрон ја одреди црвената линија за климата на самитот на лидери Г20

Макрон ја одреди црвената линија за климата на самитот на лидери Г20

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави во Токио дека Франција одредила “црвена линија” за климата и дека нема да потпише заедничка декларација на самитот на лидери на Групата 20 индустриски најразвиени земји во светот (Г20) и земји во развој кој започнува во петок во Осака ако документот не содржи “амбиција” за борба против климатските промени.

“Ако не зборуваме за меѓународниот договор за климата постигнат во Париз 2015 година и ако не можеме да ги одбраниме климатските амбиции во сала со 20 лица, тогаш тоа ќе биде без Франција. Многу едноставно”, изјавил Макрон, обраќајќи се кон француската заедница која живее во Јапонија.

Макрон изјавил дека не сака заедничка декларација од самитот на лидери Г20 “да биде назадување” во борбата против глобалното затоплување во однос на претходните текстови потпишани на состаноците на Г20.

“Немаме право самитот Г20 да биде безкорисен”, изјавил францускиот претседател кој за тоа прашање разговарал со јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Локалните медиуми пренесуваат дека работната верзија на заедничката декларација од самитот Г20 не содржи делови за климатските промени за да биде прифатлива за САД.

Американските власти претходно отстапија од меѓународната спогодба за климатските промени, но тоа повлекување стапува на сила дури во 2020 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП