3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакрон: Ќе го зајакнам партнерството помеѓу Renault и Nissan

Макрон: Ќе го зајакнам партнерството помеѓу Renault и Nissan

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на понатамошни синергии и сојузи со цел зајакнување на партнерството помеѓу Renault и Nissan на глобалниот пазар.

“Алијансата Renault и Nissan е скапоцен камен во индустријата. Направивме гигант кој не само што треба да се зачува, туку да се развие синергија и здружување со цел да го зајакнеме вооднос на меѓународната конкуренција”, изјавил тој.

Неговите коментари оставаат отворен простор за подлабока интеграција на 20-годишната алијанса на Renault-Nissan, која е потресена од скандал во врска со апсењето на поранешниот шеф на алијансата Карлос Госн и потенцијалното спојување на Renault со друг производител.

Имено, Renault и италијанско-американската група Fiat Chrysler Automobiles (FCA) објавија минатиот месец дека се во преговори за спојување.

Сепак, преговорите беа откажани бидејќи FCA бил незадоволен со улогата која француската влада ја имала кон нив, а особено нејзиниот став дека е потребно да се добие “зелено светло” од јапонскиот Nissan за продолжување на преговорите за спојување.

По падот на преговорите со FCA, лидерите на Renault се обидуваат да ги обноват односите со Nissan, кои сакаат да го намалат влијанието на француската држава во алијансата, која има на основа нејзин 15-процентен удел во Renault.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП