4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп и Џинпинг ''очи во очи'' на самитот G20: Оваа средба ја...

Трамп и Џинпинг ”очи во очи” на самитот G20: Оваа средба ја чека цел свет

Загриженоста околу трговијата, конфликтот и нафтата ќе доминираат на самитот на Групата 20 на економски најразвиени земји, овој викенд во Јапонија.

Вниманието посебно ќе биде насочено на средбата на лидерите на Соединетите Американски Држави и Кина, Доналд Трамп и Си Џинпинг, во време кога меѓу двете земји се води трговска војна.

Трамп и Си ќе се состанат за прв пат по седум месеци за да разговараат за влошувањето на односите меѓу двете најголеми светски економии.

Меѓутоа, како што наведува Reuters, перспективите за напредок не се добри, со оглед на тоа дека ниту една страна не попушта, откако трговските преговори меѓу двете земји пропаднаа во мај.

Многу земји членки на Г20 имаат интерес кога станува збор за исходот на Трамп и Си, бидејќи конфликтот ги наруши глобалните ланци на снабдувања, го забави светскиот раст и ги наведе централните банки да не ги подигнат каматните стапки.

Финансиските пазари се подобрија по телефонскиот разговор на Трамп и Си минатата недела, кога се договориле да се состанат во Осака и да ги разгледаат трговските преговори кои ги прекинаа откако САД ја обвини Кина дека не ги исполнила ветувањата.

Двете страни една на друга воведоа царини на увоз на стоки во вредност од сто милијарди долари за време на трговската војна која траеше скоро една година, дури и кога се обидуваа да постигнат широка трговска спогодба.

Трамп смета дека состанокот со Си е можност да се види каков е ставот на Пекинг и ќе биде задоволен со било каков исход, изјавил висок американски официјален претставник кој сака да остане анонимен.

Пекинг смета дека барањата на САД за спроведување на бројни економски реформи се кршење на суверенитетот на Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП