Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец.

УВ-индексот ќе изнесува 7.
Утринската температура ќе се движи од 14 до 20, а дневната од 23 до 34 степени.
Во Скопје слично време, претпладне сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 32 степени.
Следува период на стабилно и сончево време, во петок и за време на викендот со умерен до засилен северен ветер.