19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА''Нема продолжување на рокот", Борис Џонсон: Додека Брегзит не се случи, нема...

”Нема продолжување на рокот”, Борис Џонсон: Додека Брегзит не се случи, нема да се смирам

Поранешниот британски министер за надворешни работи, Борис Џонсон, категорично ја отфрли можноста за какво било ново продолжување на рокот за излез на Велика Британија од ЕУ.

Тој за државната радиостаница “Talkradio” изјави дека нема да се смири додека Брегзит не се случи на 31-ви октомври.

Џонсон објаснил дека категорично ја отфрла можноста за ново одложување, бидејќи за тоа барање одлучува новиот премиер во моменталните околности, а ЕУ дали ќе одобри одложување.

–  Моментално во законот се вели дека Велика Британија на 31 октомври ја напушта ЕУ, изјавил Џонсон, кој е главен кандидат за новиот британски премиер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП