3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung држи половина од пазарот на паметни телефони продадени во Европа

Samsung држи половина од пазарот на паметни телефони продадени во Европа

samsung

Со почетокот на новиот месец, време е за Kantar Worldpanel Comtech извештајот. Иако нема значајни промени, секако вреди да се спомене дека Самсунг има речиси половина од сите паметни телефони продадени во Европа, и дека Android има удел од 70,4% во петте главни пазари (Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Шпанија) во Европа.

Аналитичарите укажуваат дека Андроид продолжува да води на пазарот преку барата, со 52% удел на пазарот, но зголемувањето е најмал во изминатата година (0,1 поени) – што е многу помалку од она што беше забележано кај iOS (41,9% од пазарот со зголемување од 3,5 поени) и Windows Phone (4,6% од пазарот со зголемување од 0,9 поени).

“Низ цела Европа, Андроид се зголеми значително. Сепак, во САД, дистрибуцијата на Епл преку Т-Мобиле помогна Iphone да се задржи рамо до рамо со Андроид. Т-Мобиле е најмалиот од локалната голема четворка мобилни оператори, но тој сигурно има капацитет да ја стимулира продажбата на iPhone”, вели Доминик Сунебо Кантаров.

На Kantar веруваат дека ерата на лудиот раст на Samsung е при крај, и дека компанијата сега ќе мора да се фокусира на задржување на постоечката база на клиенти, доколку сака да биде успешна. Додека пак Apple има највисока лојалноста од своите клиенти во Велика Британија (79%), споредбено со Samsung со 59%, а на пазарот најмногу го загрозува Sony Xperia Z.

Студијата покажала дека всушност 38% од Xperia корисниците се поранешни сопственици на Samsung. “Самсунг ќе мора да работи напорно за да ги задржи своите 8,8 милиони клиенти”, вели Kantara.

Пазарите во развој, веројатно ќе започнат да го прифаќаат Windows Phone, наместо некогаш популарниот Symbian, особено во Мексико, иако опаднатата продажба на Symbian уредите нема да се искомпензира. Пенетрацијата на паметните телефони во Велика Британија достигна рекордни 65%, а 85% од уредите кои се продаваат се паметни телефони. BlackBerry според Kantar  и понатаму продолжува да ги губи клиентите во речиси сите земји, освен во Австралија, каде што тој забележа значително зголемување од 0,2 поени (0,4% од пазарот).

kantar

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП