19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманската економија во пад трет месец по ред

Германската економија во пад трет месец по ред

Германската економија е во пад трет месец по ред, објавил економскиот институт IFO. Индексот за бизнис климата се намалил во јуни за 0,3 поени во однос на претходниот месец и изнесува 97,4 поени, се наведува во извештајот на овој институт.

Според овој извештај, германската економија е во надолна патека, а очекувањата се влошуваат и во производството и во услужниот сектор.

IFO забележува дека по девет последователни години на економски раст, Германија се соочила со проблеми поради трговските конфликти /САД – Кина/Брегзит и успорување на светската економија која негативно влијае на извозно ориентирани индустриски компании.

Од тоа германската економија се потпрела на лични трошоци, која црпи подршка од силниот пазар на труд, ниските каматни стапки и растот на платите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП