21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен бројот на работници во индустријата

Зголемен бројот на работници во индустријата

industrija

Бројот на работници во индустријата во мај годинава во однос на мај лани бележи пораст од 0,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во секторот Рударство и вадење на камен бројот на работници бележи пораст од 8,8 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има опаѓање од 0,6 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1,9 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2013 година, во однос на мај 2012 година, бележи пораст кај Енергија за 7,8 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,9 отсто. Опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2,9 отсто, Капитални производи за 4,4 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 0,7 отсто.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – мај 2013 година, во однос на периодот јануари – мај 2012 година, има раст од 0,6 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП