Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,992.58 0.36%    GRNT 970.00 -0.51%    KMB 5,848.81 -0.02%    MPT 67,498.00 -0.04%    RMDEN15 99.00 0%    RMDEN18 98.70 0%    STB 1,064.15 0.6%    TNB 16,200.00 -2.99%    TTK 1,180.00 -2.88%    UNI 2,015.00 -2.92%    UNIPO 101.50 -0.29%    

Од јули поевтин роаминг во земјите од Западен Балкан, од 2021 целосно укинување

Време: 09:59

Датум: јуни 25, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Од јули треба да се намалат цените на услугите во роаминг меѓу Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ. Намалувањето во јули се очекува да биде за 27 проценти, а од јули 2021 година да биде целосно укинат.

Регионалниот договор за роаминг беше потпишан во април годинава во Белград во рамки на Вториот дигитален самит на земјите од Западен Балкан.

Регулаторите и телекомуникациските оператори до 1 јули треба да подготват акциски план и мапа за претстојните активности со прецизирање кој ден што ќе стартува.

Според податоците на СРС, оперативно тело на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа, повеќе од 76 проценти од граѓаните на Југоисточна Европа (ЈИЕ) се корисници на интернет, додека 40 проценти од нив ги користат сите апликации на социјалните мрежи на мобилните телефони, а повеќето се млади луѓе. Седумдесет отсто од стопанствениците од Југоисточна Европа сметаат дека укинувањето на цените на роамингот ќе им помогне во поттикнување на трговијата. Повеќе од 12 милиони туристи минатата година дошле во Западен Балкан и сите биле загрижени поради цената на роамингот.

Од 1 јули 2017 година, Македонците зборуваат поевтино кога патуваат во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, откако стапи на сила третото намалување на цените на роаминг услугите согласно со Договорот меѓу четирите држави од 2014 година. Кон регионалната иницијатива се приклучија и Албанија и Косово.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • 180 новозаболени од КОВИД-19, двајца починати

    180 новозаболени од КОВИД-19, двајца починати

    Вкупно 180 нови случаи позитивни на КОВИД -19 се евидентирани во изминатите 24 часа, објави Министерството за здравство. Починати се двајца пациенти – едниот на…

  • Меси не тренира со Барса веќе втор ден

    Меси не тренира со Барса веќе втор ден

    Лионел Меси веќе некое време не е дел од заедничките активности на Барселона, јавуваат шпанските медиуми. Денес, како и во средата, капитенот на „Лос Кулес“…

  • Ангеловска-Бежоска учествуваше на 43. средба на Клубот на гувернерите

    Ангеловска-Бежоска учествуваше на 43. средба на Клубот на гувернерите

    Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска учествуваше на 43. средба на Клубот на гувернерите на централните банки од Централна Азија, Црноморскиот Регион и Балканот, која…

  • Денар анализа: Граѓаните враќаат огромни камати на државните кредити!

    Денар анализа: Граѓаните враќаат огромни камати на државните кредити!

    По издавањето на седмата еврообврзница вредна 700 милиони евра, Денар анализираше – колкав јавен долг има Македонија, кога доспеваат за враќање натрупаните стари долгови, и…

  • Скопје, Куманово, Штип, Тетово и 12 околни општини во 80-часовен карантин, останатите со дневни рестрикции

    Скопје, Куманово, Штип, Тетово и 12 околни општини во 80-часовен карантин, останатите со дневни рестрикции

    Од синоќа во 21 часот тече 80-часовниот полициски час за граѓаните на сите општини во градот Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и…

  • Червар: Металург се „дограбиле“ до некои пари

    Червар: Металург се „дограбиле“ до некои пари

    По потврдата дека Златко Хорват потпишува за Металург, прекинувајќи ја 25-годишната соработка со ППД Загреб, иако клубот му понудил едногодишен договор, се јави и хрватскиот…

  • Бугарија воведе 14-дневен карантин за лица што влегуваат од Македонија

    Бугарија воведе 14-дневен карантин за лица што влегуваат од Македонија

    Бугарското Министерство за здравство издаде наредба со која се воведува 14-дневен задолжителен карантин за лица кои во државата влегуваат од Македонија. Со истата наредба се…

  • Сончево и ветровито, попладне со услови за дожд

    Сончево и ветровито, попладне со услови за дожд

    Претпладне сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта…

  • Во Хрватска скоро 50.000 луѓе останаа без работа поради пандемијата

    Во Хрватска скоро 50.000 луѓе останаа без работа поради пандемијата

    И покрај мерките на владата на Андреј Пленковиќ за зачувување работните места, во Хрватска без работа во првите два и пол месеци од коронакризата останаа…

  • Германија гради алијанса со три држави поради вакцина: “Едно од најитните прашања”

    Германија гради алијанса со три држави поради вакцина: “Едно од најитните прашања”

    Германија и уште три земји членки на Европската унија градат нова алијанса, која има за цел да обезбеди пристап до вакцини против коронавирус, веднаш кога…