28 март, 2024
ПочетнаДИЕТИДиета со хељда: На најздрав можен начин за 14 дена ослабете дури...

Диета со хељда: На најздрав можен начин за 14 дена ослабете дури 7 до 10 килограми

Брза диета со хељда е се што ви треба, ако сакате брзо да влезете во бикини и да се ослободите од неколку килограми вишок.

Во споредба со другите житни култури хељдата е нискокалоричен, диететски производ, која содржи многу протеини, аминокиселини, железо, магнезиум, калиум, фосфор, јод, витамини Б1 и Б6. По две недели држење на диетата со хељда може да изгубите 7 до 10 килограми и во исто време да го исчистите телото.

Подготовка на хељда: Навечер пропржената хељда во зрно полијте ја со врела вода, исцедете ја и повторно полијте ја со врела вода, поклопете ја и оставете ја преку ноќ. Наутро е подготвена за употреба. Можете да подготвите 1, 2 или 3 чаши според вашиот апетит.

Мени за диетата:

Хељда е дозволено да јадете колку што сакате, без зачини, сосови и сол (единствено може соја сос). Во текот на денот испијте 1 литар кефир (1% -1.6% m.m.) и пијте најмалку 1,5 литри вода дневно. Дозволено е и кафе, но не повеќе од две чаши дневно, без шеќер. Препорачливо е четири часа пред одење на спиење да завршите со последниот оброк.

Во текот на денот можете да земате овошје и зеленчук (јаболко, портокал, салата од зелка, зелен зеленчук, суви сливи, лажица мед). Можете да јадете варен зелен зеленчук – спанаќ, брокула, прокељ, грашок, но без сол и други зачини.

Хељдиа диетата не е гладување, па затоа не треба да имате чувство на глад. Кога ќе завршите со диетата, чистењето на телото се продолжува уште неколку дена, па немојте веднаш да се мерите, туку почекајте уште 3-4 дена за да застанете на вага.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП