25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКамионџиите нема да возат за викенди летово

Камионџиите нема да возат за викенди летово

kamioni

Од денеска до 31 август се воведува времена измена на режим на државните патишта во Република Македонија. Се забранува сообраќајот на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Забраната за деновите од викендот е во петок од 17:00 до 22:00 часот, во сабота од 9:00 до 19:00 часот и во недела од 9:00 до 22:00 часот. Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство за здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати и превоз на опасни материјали.

За регулирање на сообраќајот и воспоставување на изменетиот режим, ќе се постави соодветна сообраќајна сигнализација односно сообраќајни табли.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП