29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денеска за половина денар се зголемува цената на Еуросупер БС-98 и...

Од денеска за половина денар се зголемува цената на Еуросупер БС-98 и дизелот

Малопродажната цена на дизелот, екстра лесното масло за домаќинство и Еуросупер БС-98 од ноќеска на полноќ се зголемија за половина денар. Цената на Еуросупер БС-95 останува непромента.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика цената на Еуросупер БС-95 останува 67 денари за литар, на Еуросупер БС-98 изнесува 69,50 денари, на Еуродизелот 60,50 денари, додека на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50 денари.

Се зголеми и малопродажната цена на мазутот и сега изнесува 33,237 денари за килограм.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 0,144 отсто или за 0,85 долари за тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 1,846 отсто или 10,20 долари, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 1,896 отсто или за 10,25 долари и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,322 отсто или за околу 1,25 долари.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 54,68 денари и е за 0,504 отсто повисок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП