8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнформативен ден за Третиот повик за ИПА-прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција

Информативен ден за Третиот повик за ИПА-прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција

ipa

Министерствотото за локална самоуправа на Република Македонија во соработка со Министерствотото за развој, конкурентност, инфраструктура, транспорт и врски на Грција денеска во Струга одржаa информативен ден за Третиот повик за предлози за проекти во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција, финансирана од Европската унија.

Министерот за локална самоуправа Тахир Хани рече дека преку денешниот информативен ден сите заинтересирани субјекти имаат можност да се запознаат со критериумите за аплицирање. Тој посочи дека претходните две компоненти биле користени максимално и дека истото го очекува и за третиот.

– До денеска од ИПА компонентата искористени се над 19 милиони евра за проекти од прекугранична соработка. Фактот дека максимално се искористени средствата од компонента два за прекугранична соработка покажува дека сите институции имаат капацитети да ги користат средствата од оваа програма, рече Хани.

Прекуграничната соработка, според евроамбасадорот Аиво Орав, има за цел да ги надмине административните, правните и физичките пречки кои ги наметнуваат границите, со промовирање на одржлив локален развој.

– Прекуграничната соработка значи давање моќ на луѓето од двете страни на границата да соработуваат, да ги подобруваат економските, социјалните и еколошките услови. Им се дава можност за подобрување на условите за живот, истакна Орав.

Во првата и втората компонента се реализирани економски и еколошки проекти, развој на туризмот и културна размена. Во првата компонента на ИПА програмата за прекугранична соработка искористени се пет милиони евра за 18 проект, во втората за 20-тина избрани проекти потрошени се 16,6 милиони евра. За трета компонента предвидени се 7,5 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП