26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБил Гејтс ја откри својата најголема грешка

Бил Гејтс ја откри својата најголема грешка

Дури и Бил Гејтс има една грешка што сè уште го гризе.

Основачот на “Microsoft” зборуваше на настанот “Village Global”, кој го поддржува и откри дека најголемата грешка што некогаш ја направил е кога му дал на Google можност да ја покрене платформата Android.

“Во светот на софтверот, особено кога станува збор за платформи, тоа е пазар во кој победникот зема се”, рече Бил Гејтс на настанот.

“Значи, знаете, најголемата грешка некогаш беше лошото управување што го навело Microsoft да не биде она што е Android”.

“Беше природно за Microsoft да победи”, додаде тој.

“Постои простор за само еден оперативен систем, кој не е на Apple, и колку тој вреди? 400 милијарди долари кои би завршиле кај М (Microsoft), наместо кај компанијата G (Google).”

Google го купи Android Inc. за најмалку 50 милиони долари, а во 2007 година најави нов мобилен систем кој ќе им овозможи пристап на интернет на голем број луѓе, објави Fox Business.

Гејтс вели дека дозволувајќи им на Google да ја искористи оваа можност со Андроид е “една од најголемите грешки на сите времиња”. Но, и покрај ова, тој верува дека “Microsoft” е “многу силен”.

“Ние сме водечка компанија. Ако не направeвме грешка тука, ќе бевме најголема компанија”, заклучи тој.

Бил Гејтс е вториот најбогат човек во светот (зад Џеф Безос, основачот на Amazon), со нето вредност од 102,9 милијарди долари, според Forbes.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП