
Времето денска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и град. Минималните температури ќе се движат од 11 до 20, а максималните од 26 до 33 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи и со услови за појава на невреме.Температурата ќе се движи од 18 до 30 степени.

