26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД ставија пет кинески организации за нова технологија на црната листа

САД ставија пет кинески организации за нова технологија на црната листа

САД ставија на црната листа пет кинески организации кои се занимаваат со “суперкомпјутинг”, означувајќи ги за закана за американската национална безбедност и спречувајќи им пристап до доверливи технологии.

Овој потег на Министерството за трговија на САД може да го искомплицира состанокот на претседателот на САД и Кина, Доналд Трамп и Си Џинпинг, планиран за следната недела во Јапонија на Самитот на Г20, со цел решавање на трговскиот спор меѓу најголемите светски економии.

Меѓу петте кинески организации кои американското Министерството за трговија ги ставило на “црната листа”, се производителот на суперкомпјутери Sugon, и три со него поврзани организации и Институтот за компјутерска технологија Вуши Џианган. Во одлуката се наведува дека нивните активности се “спротивни на националната безбедност и интересите на американската надворешна политика”.

Американските компании не можат да продаваат технологија на организации на црната листа без одобрување од владата.

Министерството за трговија на САД го стави минатиот месец на црната листа кинескиот телекомуникациски гигант Huawei, што ги зголеми тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг.

“Суперкомпјутинг” е дефинирана како обработка на “масовно комплексни проблеми” или проблеми со голема доза на податоци при што се користат “концентрирани компјутерски ресурси” повеќе компјутерски системи кои работат паралелно и се нарекуваат “суперкомпјутер”. “Суперкомпјутинг” ангажира систем каде сите компјутери работат на максимум од своите способности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП