Покрај високите температури, топлотниот бран носи со себе зголемено чувство на жед и потреба за освежување.
За да ги олесните последиците од непријатните високи температури, посегнете по вкусна витаминска вода, која ќе направи вистинска работа.
Состојки:
2 чаши боровинки
2 излупени и исецкани портокали
1 чаша јагоди
1 излупен лимон исецкан на парчиња
1 голема краставица исецкана на парчиња
неколку листови босилок
3 литри вода
Подготовка: Измијте ги боровинките, излупете ги портокалите, лимонот, краставиците и сè друго ставете во бокал со три литри вода. Оставете го во фрижидер најмалку два часа и потоа уживајте во освежителен пијалок.
Цитрусот ќе ги елиминира токсините од телото, боровинката служи како извор на антиоксиданти, босилокот ќе го стабилизира шеќерот во крвта, а краставицата на вашето тело и лице ќе им даде освежителни минерали.
Совет плус
Таканаречената витаминска вода е одличен извор на течности во текот на жешките летни денови. Ако случајно не ви се допаѓа оваа комбинација од вкусови, состојките со кои можете да ја збогатите водата слободно комбинирајте ги по ваша желба. Босилекот можете да го замените со нане, лимонот со лимета, а боровинките со малини или капини.
Уживајте!