18 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАHP и Asus атакуваат на кинескиот пазар на таблети

HP и Asus атакуваат на кинескиот пазар на таблети

HPASUS

Компаниите „Asus“ и „HP“ сакаат да направат сериозен чекор напред на кинескиот пазар на таблети со своите поевтини модели.

Имено „Asus“ има во план да направи продор со 7-инчниот „MeMO Pad HD 7“ таблет со 8 GB и цена од 163 долари, додека пак „HP“ истото тоа сака да го стори со својот модел „HP Slate 7“.

Уредот на „Asus“ – „MeMO Pad HD 7“ со 8 GB ќе биде ексклузивно направен само за кинескиот пазар и во продавниците ќе се најде на крајот од овој месец. Пред „Asus“ и „HP“, „Acer“ веќе влезе на тамошниот пазар со 7-инчниот таблет „Iconia B1-A71“ кој дури има и пониска цена, додека за истата цена „Lenovo“ го нуди својот модел „A1000“.

Меѓутоа кинеските производители своите таблети ги нудат по скоро двојно пониски цени, па така борбата на пазарот нема да биде воопшто лесна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП