20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗлатото руши рекорди

Златото руши рекорди

Цената на златото порасна за време на тргувањето во Азија, откако американската Управа на федерални резерви (FED) “ја отвори вратата” за понатамошно намалување на каматните стапки.

Златото за спот испорака достигна цена која не е забележана повеќе од пет години, излетувајки за 1,62 проценти на околу 1.381,94 долари по унца, пренесува CNBC.

Цената на златните фјучерси исто така остварија силен раст на 1.385,40 долари за унца, откако претходно ојача за три проценти на 1.397,70 долари по унца, наведува Reuters.

После вчерашната седница на FED, кога централната банка на САД ја остави каматна стапка на непроменливото ниво но “ја отворила вратата” за нивно можно намалување во иднина, приносите на 10-годишните американски трезорски записи паднале под 2,0 проценти, прв пат од ноември 2016 година.

Во очекување дека каматните стапки на FED ќе се намалат до 2020 година, златото станало “прилично атрактивно”, смета Роб Карнел, главен економист и главен истражувач за азиско-пацифичкиот регион во ING банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП