18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар исполни еден услов на кредиторите

Кипар исполни еден услов на кредиторите

kipar1

Кипар соопшти дека е завршен процесот на замена на државните обврзници за нови со подолг рок на доспевање, што беше еден од условите за меѓународниот пакет помош.

По минатонеделната најава за замена на кипарските обврзници, американските кредитни агенции „Standard i Purs“ и „Fitch“ го намалија кредитниот рејтинг на Кипар, пренесува агенцијата Франс Прес.

„Канцеларијата за управување со јавниот долг на министерството за финансии објавува дека замената на државните кипарски обврзници, вредни милијарда евра, е успешно завршена“, соопштија денес од кипарското Министерство за финансии.

Кипарските власти соопштија дека обврзниците со рок на доспевање од 2013-2016 година се заменети со нови записи, со иста номинална каматна стапка и со рок на доспевање од пет до десет години.

Според зборовите на кипарската влада, оваа трансакција има за цел на владата да и го олесни управувањето со капиталот и да обезбеди адекватно финансирање, со услови кои не ја загрозуваат долгорочната цел – буџетскиот долг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП