Западните санкции ја чинеле Русија 50 милијарди долари, а ЕУ 240 милијарди долари од 2014 година, изјавил рускиот претседател Владимир Путин за време на годишната телевизиска програма во која одговара на прашањата на граѓаните.
“Според експертските податоци, западните ограничувања ја чинеа Русија 50 милијарди долари, а ЕУ 240 милијарди долари, Америка 17 милијарди американски долари и нашиот обрт со нив е помал. Јапонија санкциите ја чинеа 17 милијарди долари”, нагласил Путин.
Според неговите зборови, санкциите влијаеле и на работните места во тие земји.
Путин нагласил дека поради воведените санкции, членките на ЕУ губат на рускиот пазар.
Рускиот претседател верува дека нема да има клучни промени во односот на Западот спрема Русија, дури и ако Москва направи отстапки и ги исполни барањата на своите противници.
Путин истакнал дека западните земји, особено САД, вршат притисок дури и на оние со кои немаат политички несогласувања.
Тој потсети дека Кина нема ништо со прашањата на Крим и Донбас, а дека Русија е обвинета за окупација на Донецк, што е целосна глупост и лага.
Путин додава дека Кина нема ништо заедничко со сите овие прашања, но дека САД постојано ги зголемуваат царините на кинеската стока.
Рускиот претседател заклучува дека единствената причина за санкциите против Кина е дека Пекинг стана глобален конкурент на втората економска сила, а тоа е САД.