25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПретпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд

Претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силен ветер и појава на град.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 22 до 33 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време, претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 30 степени.

Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево и топло време, со услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Од недела попладне и во следните денови повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а дневната температура ќе опадне за неколку степени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП