7 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИСо влезот во ЕУ „Jana“ превзема ново име

Со влезот во ЕУ „Jana“ превзема ново име

jana1

„Jana“ е присутна на повеќе од 20 светски пазари и таа е еден од најсилните хрватски производи. Со влезот на Хрватска во ЕУ и со усогласувањето на прописите, „Jana“ за сите пазари го превзема називот „природна негазирана минерална вода“, се вели во соопштението на компанијата.

Наместо досегашниот назив „природна изворска вода“, ќе се користи новиот назив „природна негазирана минерална вода“.

Според прописите на Европската унија постојат три категории на флаширана вода: природна минерална вода, природна изворска вода и природна минерална со додатоци.

Сите три категории можат да бидат газирани и негазирани. Највисоката категорија на вода е природно минералната вода која треба да биде официјално призната дека ги задоволува строгите критериуми за контрола на квалитетот и процедурата за регистрација во Европската комисија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП