26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛондон планира да постави 50.000 полначи за е-возила до 2025 година

Лондон планира да постави 50.000 полначи за е-возила до 2025 година

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, го претстави ажурираниот план за реализација на инфраструктурата за електрични возила, кој има за цел до 2025 година да инсталира до 50.000 полначи за електрични автомобили, бидејќи Лондон до 2030 година ќе стане град без емисии на штетни гасови.

Планот настојува да ги елиминира пречките за натамошно забрзување на веќе растечката стапка на донесување EV во градот. Проценките покажуваат дека усвојувањето на електрични мотори би можело да се зголеми од 20.000 колку што ги има денес во градот, на повеќе од 330.000 до 2025 година. Тоа изгледа ќе се постигне со поставување на илјадници и илјадници полначи за е-возила, коишто Кан ги нарекува “револуција на електричните возила”. ,,Transport for London” веќе се заложил дека до крајот на 2020 година ќе инсталира 300 ултра брзи полначи, а се очекува дека до крајот на 2020 година ќе бидат инсталирани повеќе од 3.500 сите други видови на обични и брзи полначи.

Меѓутоа, многу повеќе ќе биде потребно ако градот сака да ги постигне неговите инфраструктурни цели, со околу 36.000 до 51.600 полначи кои се предвидени до 2025 година. Тоа значи дека изградбата ќе забрза па во наредните пет години до 2025 година Лондон треба да добие 2.300 до 4.100 полначи од најбрзиот тип, како и 33.700 до 47.500 останати полначи за електрични возила. Работната група на градоначалникот за електрична инфраструктура очекува дека повеќето полначи ќе бидат инсталирани од страна на приватниот сектор, но исто така напоменува дека “ќе биде потребна дополнителна владина поддршка”.

Лондон исто така ќе развие центри за брзо полнење кои се наменети за бизнис корисници кои патуваат големи километражи, со идеја дека на овие возачи ќе им бидат лесно достапни брзите полначи. Градот планира да инсталира најмалку пет од овие лесно достапни брзи центри, “еден во секој подрегион во Лондон”, а првиот ќе се отвори во 2020 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП