29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБи-би-си првпат сними кинески камп за трансформација на мисли(видео)

Би-би-си првпат сними кинески камп за трансформација на мисли(видео)

Би-би-си неодамна ја сними својата прва репортажа од внатрешноста на големиот комплекс на кампови со висока безбедност, во кои, наводно, живеат повеќе од еден милион Ујгури, кинеско малцинство од исламска вероисповед во провинцијата Ксинџијанг.

Но, кинескиот режим инсистира на тоа дека не станува збор за затвори, туку за училишта, кои имаат цел реедукација на екстремистите.

„Тие се под влијание на верски екстремизам. Нашата цел е да ги ослободниме од нивните екстремистички мисли“, велат надлежните.

Сепак, колку повеќе репортерите на Би-би-си поставувале прашања обидувајќи се да дојдат до вистината што навистина се случува во овие кампови, толку повеќе се отворале нови прашања.

„Додека стотици илјади муслимани престојуваат во огромниот силно обезбеден комплекс, кинеските власти внатре дозволуваaт влез само за избрани новинари. Тие сакаат светот да види, а како доказ нудат слика, дека не се работи за затвореници, туку за ученици, кои со нивна согласност се ослободуваат од екстремизмот“, вели новинарот на снимката од момче и девојка кои синхронизирано играат некој вид народен танц.

„Дали сте осудени за криминал?“, ја прашува репортерот Џон Судворт една девојка. „Јас не сторив кривично дело, туку само направив грешка“, одговара таа.

„Колку често можеш да се молиш тука?“, го прашува новинарот момчето.

„Кинеските закони ги дефинираат училиштата како јавни места, а верските активности не се дозволени на јавни места“, одговара тој.

Кина ја оправдува својата програма за реедукација, која меѓународната заедница ја осудува како загрижувачка како одговор на децениското сепаратистичко насилство од страна на Ујгурите.

Сепак, како што информира Би-би-си, Ујгурите, Казаците и другите припадници на малцинствата понекогаш завршуваат во овие логори само поради своите верувања и однесување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП