Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,992.58 0.36%    GRNT 970.00 -0.51%    KMB 5,848.81 -0.02%    MPT 67,498.00 -0.04%    RMDEN15 99.00 0%    RMDEN18 98.70 0%    STB 1,064.15 0.6%    TNB 16,200.00 -2.99%    TTK 1,180.00 -2.88%    UNI 2,015.00 -2.92%    UNIPO 101.50 -0.29%    

ИКТ Комора: Дигитализацијата веќе не е опција, туку потреба за компаниите

Време: 11:37

Датум: јуни 19, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Дигитализацијата е неопходна за брз економски раст и напредок на секоја компанија, просецот подразбира употреба на дигитална технологија за промена на бизнис моделите. Дигиталната трансформација внесува конкретни промени во бизнисот, развој на нови бизнис модели и зголемување на конкурентноста на пазарот. ИТ секторот има голем потенцијал за раст и со соодветни поттикнувања  постои потенцијал за креирање севкупен економски раст.  Предизвици за раст на ИТ индустријата детектирани се во недостаток на инвестиции во нова технологија, недоволна искористеност и примена на облак платформите, ниско ниво на електронска трговија како и анализа на големи податоци попзнато како податочно рударење, истакна претседателот на ИКТ Комората, Саша Огненовски.

Тој рече дека технологијата напредува со голема брзина со што притисокот за имплементирање нова технологија, станува се поголем и компаниите веќе стануваат сфесни дека  дигитализацијата е неопходна за да опстанат во денешниот свет, таа веќе не е опција туку неопходна потреба за сите компании без разлика на големината и секторот. Дополнително дигитализацијата е континуиран процес и за да биде успешна потребни се професионални лица, стратегија за дигитализација на компанијата  и технологија.

Компаниите секојдневно се соочуваат со предизвиците на дигиталната трансформација и потребата да се користат дигитални технологии за да се забрза нивниот пораст, како и да се иновираат процесите, производите и услугите, за истите тие да се приспособат на новите генерации потрошувачи. За да бидат конкурентни македонските компании на европските пазари, сите работни процеси треба да преминат на дигитална платформа, без разлика дали станува збор за проекти, производи, маркетинг или продажба. Вистински предизвик е компаниите да се одлучат која од новите технологии ќе работи во најдобар интерес за унапредување на деловното работење“ , изјави Огненовски и додаде дека домашните компании, особено малите и средни најголемиот раст може да го доживеат со дигитализација за развој на иновативни решенија со што ќе бидат конкурентни на светскиот пазар.

Огненовски истакна дека она што е многу важно е дигитализацијата на компаниите да се одвива паралелно и со дигитализација на институциите на системот, за што е потребна соработка со компаниите кои даваат поддршка за нови иновативни ИТ решенија.

Дигитализацијата на компаниите, институциите, поточно општеството во целина значи зголемување на БДП и нови вработувања. Дигитализацијата неспомнено влијае на сите сфери на општеството и  потребно е да се нагласи дека самиот процес на дигитализација ќе влијае да згаснт одредени работни места, а од друга страна пак и да се отворат нови подобро платени. Во таа насока новите трендови диктираат и потреба за образовен кадар кој поседува модерни знаења и вештини. Отоврање на дигитални работни места кои пред се,  ги задржуваат и се привлечни за младите високообразовани кадри, имаат влијаните и на севкупниот економски развој на земјата, генерираат поголема додадена вредност, потрошувачка и извоз како и поттикнување на иновациите, истакна Огненовски и додаде дека дополнително  и во стратегија на Европска Унија, дигитализацијата е високо на  агенда со особен акцент на земјите од Западен Балкан и процесот на интеграција.

Минатата година, ИКТ секторот во нашата земја, учествувал со 7,8 проценти од вкупниот БДП. Истражувањата покажуваат дека дигитализацијата на компаниите е корисен процес и дека оние компании кои спровеле дигитална трансформација прикажуваат раст од 26 проценти.  Дигиталното работење на компанииите во нашата земја и од Западен Балкан изнесува во просек 10 отсто од вкупното работење на компаниите, но позитивно е тоа што 63,3 отсто од компаниите сметаат дека дигитализацијата претставува можност за унапредување на нивниот начин на работа.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • 180 новозаболени од КОВИД-19, двајца починати

    180 новозаболени од КОВИД-19, двајца починати

    Вкупно 180 нови случаи позитивни на КОВИД -19 се евидентирани во изминатите 24 часа, објави Министерството за здравство. Починати се двајца пациенти – едниот на…

  • Меси не тренира со Барса веќе втор ден

    Меси не тренира со Барса веќе втор ден

    Лионел Меси веќе некое време не е дел од заедничките активности на Барселона, јавуваат шпанските медиуми. Денес, како и во средата, капитенот на „Лос Кулес“…

  • Ангеловска-Бежоска учествуваше на 43. средба на Клубот на гувернерите

    Ангеловска-Бежоска учествуваше на 43. средба на Клубот на гувернерите

    Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска учествуваше на 43. средба на Клубот на гувернерите на централните банки од Централна Азија, Црноморскиот Регион и Балканот, која…

  • Денар анализа: Граѓаните враќаат огромни камати на државните кредити!

    Денар анализа: Граѓаните враќаат огромни камати на државните кредити!

    По издавањето на седмата еврообврзница вредна 700 милиони евра, Денар анализираше – колкав јавен долг има Македонија, кога доспеваат за враќање натрупаните стари долгови, и…

  • Скопје, Куманово, Штип, Тетово и 12 околни општини во 80-часовен карантин, останатите со дневни рестрикции

    Скопје, Куманово, Штип, Тетово и 12 околни општини во 80-часовен карантин, останатите со дневни рестрикции

    Од синоќа во 21 часот тече 80-часовниот полициски час за граѓаните на сите општини во градот Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и…

  • Червар: Металург се „дограбиле“ до некои пари

    Червар: Металург се „дограбиле“ до некои пари

    По потврдата дека Златко Хорват потпишува за Металург, прекинувајќи ја 25-годишната соработка со ППД Загреб, иако клубот му понудил едногодишен договор, се јави и хрватскиот…

  • Бугарија воведе 14-дневен карантин за лица што влегуваат од Македонија

    Бугарија воведе 14-дневен карантин за лица што влегуваат од Македонија

    Бугарското Министерство за здравство издаде наредба со која се воведува 14-дневен задолжителен карантин за лица кои во државата влегуваат од Македонија. Со истата наредба се…

  • Сончево и ветровито, попладне со услови за дожд

    Сончево и ветровито, попладне со услови за дожд

    Претпладне сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта…

  • Во Хрватска скоро 50.000 луѓе останаа без работа поради пандемијата

    Во Хрватска скоро 50.000 луѓе останаа без работа поради пандемијата

    И покрај мерките на владата на Андреј Пленковиќ за зачувување работните места, во Хрватска без работа во првите два и пол месеци од коронакризата останаа…

  • Германија гради алијанса со три држави поради вакцина: “Едно од најитните прашања”

    Германија гради алијанса со три држави поради вакцина: “Едно од најитните прашања”

    Германија и уште три земји членки на Европската унија градат нова алијанса, која има за цел да обезбеди пристап до вакцини против коронавирус, веднаш кога…