Со три хит филмови кои заработија 1,7 милијарди долари, во САД во последните три години, Кристен Стјуарт и Роберт Патинсон се холивудскиот најпрофитабилен романтичен пар на големото платно, соопшти Форбс.
„Самрак“, во кој глумат Стјуарт и Патинсон е на самиот врв на листата на Форбс за 10 романтични филмови кои имале најголема заработка во последните три години.
Освен тоа, Форбс во декември објави дека актерките Натали Портман и Кристин Стјуарт се најпрофитабилните холивудски ѕвезди, според заработката која им ја носат на своите филмски студиа.