24 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАМарк Кјубан открива која вештина му донела милиони

Марк Кјубан открива која вештина му донела милиони

На еден од поткастите на поставеното прашање “How I built this”, што прво ќе направиш ако би изгубил се што се стекнал, Марк Кјубан изјавил дека “ќе најде работа како келнер навечер, а преку ден ќе работи продажба и без размислување повторно може да стане мултимилијардер”. Причината за таквото размислување е во тоа што, тој смета дека успехот е речиси невозможен во било која област ако немате солидни продажни вештини.

Од времето поминато во директна продажба сигурно ќе имате корист, а во продолжение се само некои од нив:

Научете да преговарате

Секоја работа вклучува преговарање: со купувачи, добавувачи па дури и со вработени. Продавачите учат да слушаат, да ги идентификуваат клучните двигатели, да најдат начин да дојдат до договор, а да не останат во лоши односи. Договорот е дел од уметноста, дел од науката. Ако сакате да ги водите луѓето, мора да бидете способни да договорите работа, што одличните продавачи знаат, но и одличните работници.

Научете да бидете упорни

Продавачите цело време слушаат “не” како одговор. По некое време “не” ќе ви претставува предизвик, а не одбивање и тогаш ќе сфатите што следно треба да направите.

Научете се на самодисциплина

Кога работите за голема компанија, понекогаш можете и да не работите многу, но и понатаму да бидете платени за вашата работа. Но сепак кога работите за провизија, повеќе сте водени од тоа дека ако сакате да заработите зависи исклучиво од вас.

Ќе стекнете самодоверба

Работата во продажба е одличен лек за срамежливост. Научете да имате поголема самодоверба, особено во некои кризни ситуации.

Успешните сопственици како и успешните луѓе воопшто, повеќето од своето време го поминале во ,,продажба”, затоа научете како да продавате нешто и тоа ќе биде најдобрата инвестиција што некогаш сте ја направиле за вас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП