27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска влезе во ЕУ: Кој и што ќе добие од тоа?

Хрватска влезе во ЕУ: Кој и што ќе добие од тоа?

Croatia, EU sign treaty for 2013 accession

Точно на полноќ Хрватска стана 28-та членка на Европската унија. По полноќ, Европската унија е назначително поголема и побројна – во Хрватска се само 0,86 проценти од граѓаните на ЕУ, а таа земја е 1,28 проценти од територијата на Унијата.

Со влезот во ЕУ, Хрватска е третата најсиромашна држава во Унијата со стапка на невработеност од околу 20 проценти, пад на животниот стандард, епидемија на корупцијата на политичката елита и срушен кредитен рејтинг на ниво „ѓубре“.

Хрватскиот придонес во бруто домашниот производ (БДП) во ЕУ е помал од нејзиниот удел во територијата и населението, Планираниот БДП во Хрватска за 2013 година изнесува 44,23 милијарди евра, што е 0,33 проценти од БДП во ЕУ28.

Хрватскиот БДП по глава на жител, според податоците на Еуростат за 2012 година, изнесува 10,300 евра, а во ЕУ27 25,600 евра, од што произлегува дека е помал за 2,48 пати од ЕУ27.

Според податоците на Еуростат, во моментот на пристапување во ЕУ, хрватскиот БДП по глава на жител изнесувал 61 проценти од просекот за 27 земји членки на ЕУ, со што Хрватска се наоѓа на осмото место, пред Романија и Бугарија, во кои БДП по глава на жител изнесува 49 и 47 проценти од просекот на ЕУ27.

Кога станува збор за Србија, медиумите пишуваат дека влезот на Хрватска во ЕУ ќе им донесат на компании од Србија прилика за подобро позиционирање на хрватскиот пазар, како и зголемен пласман во земјите ЦЕФТА и во ЕУ.

Хрватска со влезот во ЕУ ќе престане да биде членка на ЦЕФТА договорот, и ќе го прифати заедничкиот режим за трговија во ЕУ, со што извозот на хрватската роба ќе биде неповолен.

Имено, поради хрватскиот влез во ЕУ, извозот во Србија ќе чини три пати повеќе, во Македонија два пати повеќе, додека во БиХ наместо нула царина ќе има 15 проценти давачки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП