27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan го враќа Datsun

Nissan го враќа Datsun

datsun

Постарите љубители на автомобили со сигурност се сеќаваат на марката „Datsun“ која беше популарна во шеесетите и седумдесетите години од дваесетиот век. „Nissan“ по три децении одлучи да го обнови овој бренд и на купувачите да им понуди евтин модел во таканаречените автомобилски пазари кои се во развој.

Потполно новиот модел на „Datsun“ ќе биде претставен на 15 јули, а во меѓувреме „Nissan“ објави две скции на кои претскажува како овој автомобил ќе изгледа.

Кога ќе се земе во предвид дека ќе се продава првенствено на индискиот пазар, како нискобуџетен модел, новиот „Datsun“ има сосема пристоен дизајн.

Се претпоставува дека автомобилот ќе биде изработен на платформата на моделот „Nissan Micra“ и дека ќе го придвижува истиот 1.2 литарски трицилиндричен бензински мотор, но со различна снага.

Новиот „Datsun“ би требало да се појави во продажба во 2014-та година, а се очекува овој модел да им биде понуден и на купувачите во Русија, Индонезија, Јужна Африка и во уште неколку земји каде постои можност од побарувачка за ваков вид на возило.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП