18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворена Лондон-Шангај берзанска врска

Отворена Лондон-Шангај берзанска врска

По четири години развој, министерот за финансии на Обединетото Кралство Филип Хамонд и кинескиот вицепремиер Ху Чунхуа, кој ја предводи делегацијата од Пекинг на британско-кинескиот економски и финансиски дијалог во Лондон, свечено ја отвориле Лондон-Шангај берзанската врска, известува Russia Today.

Квалификуваните фирми сега ќе можат да продаваат акции преку двојна котација на берзите во Шангај и Лондон, со што британските фирми се отвораат кон нови инвеститори, покрај тоа што на компаниите од двете земји им се овозможува да собираат капитал во другата земја.

За да можат да бидат листирани на Лондонската берза, кинеските компании мора да имаат минимална пазарна капитализација од 20 милијарди кинески јуани (2,9 милијарди долари).

Во моментов, нешто повеќе од 260 од 1.500 компании што се листирани во Шангај ќе можат да го остварат тоа право.

Кинеската брокерска куќа “Хуатај”, првa денеска дебитирала на Лондонската берза.

Системот подразбира употреба на депозитни сертификати што ќе им овозможат на инвеститорите да купуваат некој удел од компаниите кои се листирани на берза во друга земја без изложеност на валутни или сметководствени ризици.

Иако кинеските берзи минатата година забележале најлоши резултати меѓу светските пазари на капитал, се предвидува до 2030 година да управуваат со имот во вредност поголем од 17 илјади милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП