20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНе се откажуваат од Брегзит: Кандидатите за премиер согласни дека Велика Британија...

Не се откажуваат од Брегзит: Кандидатите за премиер согласни дека Велика Британија мора да ја напушти Европската Унија

Кандидатите за позицијата премиер на Обединетото Кралство се согласиле дека следниот лидер мора да ја однесе земјата надвор од ЕУ, како би ја однеле победата пред предизвикот на новата партија за Брегзит на Најџел Фараж.

Reuters пишува дека за потребата од спроведување на Брегзит се согкасиле пет од вкупно шест кандидати кои учествувале на денешна телевизиска дебата.

На телевизиската дебата учествувале Мајкл Гав, Џереми Хант, Садџид Џавид, Рори Стјуарт и Доминик Раб.

На дебата не присуствувал Борис Џонсон, кој во моментов води во трката за нов премиер и лидер на Конзервативната партија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП