29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо јапонска населба отпадот се сортира во дури 45 категории

Во јапонска населба отпадот се сортира во дури 45 категории

Пластика, хартија, метал? Ова е најчестата класификација, но во јапонската населба Камикацу, која до 2020 сака да стане населба без отпад, сортирањето на ѓубрето не е толку едноставно. Имено, локалните жители се соочени со збунувачки 45 категории за сортирање отпад.

„Да, комплицирано е“, вели 39-годишната жителка Наоко Јокојама, но додава и дека ваквите правила ја направиле еколошки посвесна од порано.

Категориите покриваат сè – од четки за заби до перници. Гратчето планира од в година да го рециклира целиот свој отпад и да ја затвори печката за ѓубре.

Процесот навистина може да биде мачен не само поради тоа што има куп категории, туку и затоа што предмети, како пластични шишиња, треба да се измијат и да се исушат пред рециклирањето. Доколку предметот е составен од неколку делови и материјали, од жителите се очекува да го разделат и да го сортираат секое парче во соодветен контејнер.

Многу делови од Јапонија бараат од жителите да го класифицираат отпадот, но повеќето од нив имаат само неколку категории. Огромна количина ѓубре и натаму се пали.

Меѓутоа, Камикацу била многу поинаква до 2000 година. Тогаш градот морал да затвори една од неговите две печки за согорување отпад бидејќи не ги задоволувала еколошките стандарди. Другата била со премногу мал капацитет за целиот градски отпад, а за нова општината немала пари.

„Си рековме, ако веќе не можеме да гориме отпад во градот – ќе го рециклираме. Всушност, рециклирањето е многу поевтино“, изјавил градскиот претставник Мидори Суга.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП