26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТри потпретседатели на Светска банка доаѓаат на Конституенцата во Скопје

Три потпретседатели на Светска банка доаѓаат на Конституенцата во Скопје

Три потпретседатели на групацијата на Светска банка ќе присуствуваат на Конституенцата на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), која ќе се одржи од 21 – 22 јуни во Скопје. Станува збор за потпретседателот на Светска банка за Европа и Централа Азија Сирил Милер, потпретседателот за човечки развој на Светска банка Анет Дискон и потпретседателот на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) Георгина Бејкер.

Освен тројцата потпретседатели на Светска банка, ќе присуствува и директорот на ММФ за Европа Пол Томпсен. На состанокот на Холандско-белгиската конституенца на Групацијата на Светската банка и ММФ ќе присуствуваат и министри за финансии и гувернери на централни банки од земјите од Конституенцата од Холандија, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грузија, Ерменија, Израел, Кипар, Луксембург, Молдавија, Романија, Украина, Хрватска и Црна Гора.

Организатори на Конституенцата се Министерството за финансии и Народната банка. Средбите претставуваат своевиден форум на кој високите претставници на носителите на фискалната и монетарната политика во земјите членки разменуваат мислења за политиките и програмите на ММФ и СБ, како и за други клучни прашања за европската и светската економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП