
Хрватска планира во следните неколку години да изгради велосипедски автопат долг 121 километри долж реката Сава.
Како што е наведено, стазата ќе биде изградена во склоп на инфраструктурен проект кој ја промовира одржливата урбана мобилност, локалната убавина и активниот туризам.
Велосипед ќе може да се вози по реката Сава – од границата со Словенија, па се до Лева Дубровачка.
Изградбата е поделена во 9 фази, а започнува со пилот проект кој ја финансира фазата број 5 – од Арена центарот до пешачкиот- велосипедистички мост. Со што тој дел ќе се поврзе со постојната велосипедска инфраструктура во Загреб.
Вредноста на проектот e 16,3 милиони евра, од кои 85 проценти се финансирани од Европската унија, a 15 проценти заеднички ги плаќаат Градот Загреб и Загребската област.
Greenway е, по се судејќи- голема работа, па за него ќе треба многу време.