На 88-годишна возраст и понатаму управува со Berkshire Hathaway, неговата холдинг компанија која ги поседува компаниите како што се Dairy Queen и See’s Candies, пренесува CNBC.
Tајната на извонредниот успех на Бафет сепак е само едноставна навика.
“Тоа е нешто што секој може да го направи. Тој секој ден чита”, напишал неодамна неговиот долгогодишен пријател Бил Гејтс на неговиот блог.
Бафет, кој поминува време меѓу пет и шест часа дневно читајќи книги и весници, вели дека му годи за да размислува за деловни и инвестициски проблеми.
Освен тоа, ажурирањето на деловните вести и тековните настани е релативно едноставен начин да се постигне конкурентска предност.