1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако златото може да ги извлече Грците?

Како златото може да ги извлече Грците?

zlato1

Грција можеби е најзадолжената земја во Европа, но на нејзината територија лежат најголемите залихи на злато на стариот континент.

Канадската компанија „Елдорадо“ е подготвена да инвестира повеќе од милијарда американски долари за ископување на златото и отварање на повеќе илјади работни места, пренесува Блумберг.

Се проценува дека Грција има залихи злато со вредност од осум милијарди унци,  односно околу 11 милијарди долари.

Со ваквиот план оваа земја која е во голема криза може да се претвори во најбогата земја во Европа.

Најголем проблем е тоа што рудата е распространета на голем број различни локации, а во некои случаи се работи за помалку од еден грам злато на тон земја, што бара масивно ископување.

Ова предизвика мини-војна со локалното население поради штетите кои ќе настанат од тешката механизација во прекрасните шуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП