23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКуќата на Доналд Трамп продадена за 13,5 милиони долари

Куќата на Доналд Трамп продадена за 13,5 милиони долари

Компанијата на актуелниот претседател на САД ја купила куќата во 2007 година за седум милиони долари.

Американскиот претседател Доналд Трамп трипати ја посетил Калифорнија откако влезе во Белата куќа, а сега ќе има еден дом помалку кога следниот пат ќе ја посети таа федерална држава, бидејќи куќата во Беверли Хилс е продадена за 13,5 милиони долари.

Компанијата на Трамп, во време кога ја водеше денешниот претседател, магнат за недвижнини, ја купил куќата во 2007 година за седум милиони долари.

Денес, компанијата ја водат двајцата синови на Трамп, Ерик и Доналд Трамп Џуниор.

Куќа е изградена во 1927 година

Корпорацијата Hillcrest Asia Limited е купувач на куќата изградена во 1927 година во стилот на Тудор.

Оваа двокатница спроти хотелот Беверли Хилс и Меморијалниот парк Will Rogers има пет спални и шест бањи и базен.

Фасадата на куќата некогаш била темносива, но додека била во сопственост на Трамп била пребоена во портокалова боја.

Трамп поседувал и резиденција во грчки стил во соседството, но таа била продадена уште во 2009 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП