18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочна реконструкцијата на двете куќи на Центарот за помош на лица со...

Започна реконструкцијата на двете куќи на Центарот за помош на лица со ментален хендикеп Порака Неготино

Со волонтерски тимови на Saint-Gobain и Хабитат Македонија

Вчера, тим од волонтери составен од вработени во Saint-Gobain и Хабитат Македонија заедно со дел од тимот на Порака Неготино, организираа заеднички волонтерски ден со што започна реализацијата на проектот за реконструкција и енергетска ефикасност на Центарот за помош на лица со ментален хендикеп Порака Неготино. Реконструкцијата на двете куќи во кои престојуваат 20 лица со ментален хендикеп кои се деинституционализирани, предвидува поставување на енергетски ефикасна фасада, внатрешни поправки и целосно подигање на квалитетот на условите за живеење. Со тоа директно се поддржуваат напорите на Порака – Неготино да овозможи пристојни животни услови за лицата со ментален хендикеп надвор од институциите, овозможувајќи им полесна интеграција во заедницата, како и можности за самоодржливост и продуктивност. Дополнително, подобрувањето на енергетската ефикасност на куќите ќе овозможи и пониски трошоци за електрична енергија на оваа заедница, а воедно ќе придонесе до намалување на емисијата на јаглерод диоксид.

“Нашата компанија Saint-Gobain е многу горда што може да придонесе за енергетски ефикасни и еколошки прифатливи живеалишта за подобрување на животот на локалното население. Ние веруваме дека здравите домови имаат голема општествена вредност и се надеваме дека нашата донација и овој волонтерски ден би ги мотивирале и другите компании исто така да се приклучат и да придонесат кон позитивни општествени промени“, потенцираше Валер Зомбори, Главен извршен директор за Македонија, Албанија, Косово, Србија и Црна Гора во Saint-Gobain кој воедно и волонтираше во Неготино.

„Хабитат Македонија, како и во изминативе години е носител на повеќе иницијативи за подобрување на енергетската ефикасност и квалитетот на домување во локалната заедница, особено на најранливите групи на граѓани. Веруваме дека оваа реконструкција и донација ќе биде од исклучително значење на Порака – Неготино, а пред сѐ за нивните корисници – лицата со посебни потреби за кои оваа донација ќе значи значително подобрувањето на условите за живот, подобра енергетска ефикасност на објектите и заштеди на заедницата кои живее и работи тука. Волонтерскиот ден, пак, веруваме не само што ќе ги зајакне партнерските односи меѓу Хабитат Македонија и Saint-Gobain, туку и ќе ја подигне свесноста за потребата на вклучување на секој од нас во поддршка на најранливите групи во заедницата.“ – изјави Лилјана Алчева, Заменик директор за програма на Хабитат Македонија.

Проектот „Реконструкција и енергетска ефикасност на Центарот за помош на лица со ментален хендикеп Порака – Неготино“  е втор проект на кој работат заеднички Saint-Gobain и Хабитат Македонија со цел да ги подобрат животните услови, но и да ги зајакнат капацитетите на ранливите категории во насока на нивна интеграција во локалната заедница. Во рамки на донаторските активности компанијата Saint-Gobain преку Фондацијата Saint-Gobain Initiatives  за овој проект донира 37.500 евра, а Хабитат Македонија се вклучува со сопствен удел во вредност од 14.000 евра.

БЕЛЕШКИ ЗА УРЕДНИЦИТЕ

Saint-Gobain Initiatives Меѓународната Корпоративна Фондација со седиште во Франција се потпира на посветеноста на вработените. Сите вработени во групацијата – без разлика дали се моментално вработени или во пензија – може да спонзорираат проекти во следните полиња:

  • Инклузија на млади во професионалниот живот
  • Конструкција, подобрување или реновирање за потребите од општа интерес за социјалниот живот, придонесувајќи посебно кон намалување на потрошувачката на струја и зачувувајќи ја животната средина.

Проектите мора да биде поднесени од непрофитабилна организација во близина на локација на Групацијата.

Фондацијата овозможува финансиска поддршка за проектите во случај да бидат избрани. Исто така, подружниците на Saint-Gobain  можат да понудат и поддршка во вид на техничка помош или да донираат материјали. Некои проекти им даваат можност на локалните вработени, кои се инволвирани во здружението да земат учество на волонтерска основа.

Фондацијата беше формирана во 2008 г.

ЗА SAINT-GOBAIN

Saint-Gobain дизајнира, произведува и дистрибуира материјали и решенија кои се клучни за добросостојбата на секој од нас и нашата иднина. Тие можат да се најдат секаде во животната средина и нашето секојдневие: во објектите, транспортот, инфраструктурата и многу индустриски применети области. Тие овозможуваат комфор, перформанси и сигурност додека ги опфаќаат предизвиците на одржливата изведба, ефикасност на ресурсите и климатските промени.

Во 2018 година има остварено 41.8 милијарди евра од продажба

Присутна во 67 земји

Има повеќе од 180,000 вработени

www.saint-gobain.com

Twitter @saintgobain

 

ЗА SAINT-GOBAIN Претставништвото во Македонија

Saint-Gobain претставништвото во Македонија е присутно на градежниот пазар во Македонија од 2014 година преку трите брендови Weber, Rigips и Isover.

 

За Хабитат-Македонија

Здружението за хумано домување Хабитат-Македонија е невладина и непрофитна организација посветена на обезбедување едноставни, пристојни и пристапни решенија за живеалишта на оние што живеат во услови на сиромаштија, без разлика на нивната етничка, полова и религиозна припадност. На тој начин ние им овозможуваме напуштање на условите на сиромашна животна средина и подобрување на квалитетот на нивниот живот. На оваа група лица ние им обезбедуваме експертиза за градба, како и градежни материјали што ќе им овозможи поседување на сопствено живеалиште по отплаќањето на поволниот заем. Исто така, Хабитат Македонија интензивно работи на обезбедување на енергетски ефикасно домување, на интеграција на најранливите групи, како и на обезбедување на подобри услови за домување на сите граѓани преку поддршка на ниво на заедница и секторот домување. Во настојувањето да го збогатиме и подобриме животот нашите партнер – семејства и нивните заедници, сите здружени во оваа мисија сме водени од четири суштински вредности – Посветеност, Почитување, Интегритет и Надзорство (грижа). Од започнувањето на првиот проект во 2005 година, Хабитат Македонија досега преку своите активности има поддржано над 10.000 семејства во Македонија.

www.habitat.org.mk

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП