12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија од аукцијата за 5G мрежата заработила повеќе од очекуваното

Германија од аукцијата за 5G мрежата заработила повеќе од очекуваното

На аукциите учестувале понуди од постојните мрежни оператори Deutsche Telekom, Vodafone, Telefonica и Drillisch.

Германската аукција на фреквенција за супербрза мрежа за пренос на податоци 5G е завршена по речиси три месеци со 6.55 милијарди евра приход за државата што е повеќе пари отколку што првично очекувале.

Федералната агенција за мрежи во средата објави крај на аукцијата која беше отворена на 19-ти март.

На аукцијата учествувале понуди на постоечките мрежни оператори Deutsche Telekom (2,2 милијарди евра), Vodafone (1.9), Telefonica (1.4) и дебитантот Drillisch (1.1).

“Крајот на аукцијата е звукот на стартната точка за 5G мрежа во Германија”, изјавил Јохан Хоман, претседател на Државната агенција за мрежата, која била одговорна за спроведување на аукциите.

Учесниците на аукцијата се пожалиле на високата цена која ја платиле, предупредувајќи дека тоа би можело да доведе до помали инвестиции во мрежата.

“Горчливиот вкус” на аукцијата

Член на Управниот одбор на Deutsche Telekom изјави дека цената би можела да биде пониска и дека останува “горчлив вкус” по аукцијата, додека Ханс Аметсреитер, шефот на германската филијала на Vodafone, аукцијата ја опишува како “катастрофа за Германија”.

Сигурноста на мрежата, директно не претставувала проблем на аукцијата, иако во изминатите месеци имало проблеми.

Германските власти изготвиле листа на барања за безбедност наведувајќи дека добавувачите на системот мора да бидат “сигурни”.

Тие не го споменале кинескиот технолошки гигант Huawei, за кој САД тврдат дека претставува закана од шпионирање.

Собраната сума сепак не е рекорд. Германија значително повеќе заработила во 2000 година по аукциите за 3G мрежата – 50 милијарди евра, додека во 2015 година на аукцијата за 4G мрежа биле собрани 5,1 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП