Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека односите на Москва и Вашингтон “се се полоши и полоши”, потсетувајќи дека актуелната американска администрација наметнала на Русија десетици санкции.
“Нашите односи се влошуваат”, предупредил Путин во денешното објавено интервју на телевизискиот канал Мир, објави Reuters.
Рускиот претседател оваа проценка ја изнел пред самитот G20 во Осака на крајот од месецов, каде што, како што се очекува, би можел да се состане со американскиот колега Доналд Трамп.
Путин изразил очекување дека за време на самитот сите земји од Г-20, вклучувајќи ги Русија и САД, би можеле да постигнат спогодби што би го отвориле патот за економска соработка.