Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 10,275.91 1.05%    ELEKTKU1 25.00 0%    ERMT 177.00 -10.15%    GRNT 943.18 0.04%    KMB 5,565.98 0.33%    MTUR 5,250.10 -0.94%    OKTA 4,507.62 -0.05%    PKB 11,800.00 7.27%    RMDEN17 99.00 1.02%    RMDEN18 98.60 -0.1%    RZLIPTE1 25.00 0%    RZUG 12.00 0%    STB 1,201.67 0.14%    TTK 1,448.32 -2.14%    

„Економист“: Одбивањето на Северна Македонија за ЕУ би било сурово, самопоразувачки и погрешно

Време: 10:42

Датум: јуни 13, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Да се одбие Скопје за почеток на преговорите за членство би било сурово, самопоразувачки и погрешно, оценува влијателниот британски магазин „Економист“ во написот „ЕУ мора да си го одржи ветувањето кон Северна Македонија.

-Внатрешните проблеми во ЕУ не треба да го одвлекуваат вниманието од вонредниот напредок на земјата, која од февруари е преименувана како Северна Македонија. По неколку години авторитарна власт, новата влада, предводена од Зоран Заев, започна со справување со корупцијата и реформирањето на судството. Во регионот погоден од етнички судири, македонската и албанската заедница имаат добри односи. И најважното од се, минатата година Владата на Заев го потпиша Преспанскиот договор со Грција, завршувајќи апсурден, но дестабилизирачки спор околу името на земјата со додавање на географска одредница, пишува „Економист“.

Потсетува дека на земјата и беше ветено дека со исполнување на обврските ќе може да ги почне преговорите со ЕУ и пристапувањето во НАТО, што му овозможи на премиерот Заев да го истурка дома Договорот од Преспа. Во јуни 2018 година препораката за почеток на преговорите беше одложена за една година. Но, сега е можно понатамошно одложување, а таквиот чекор, не само што е нефер, туку и опасен, предупредува „Економист“.

За да ги започне преговорите за членство, неопходно е секоја земја од ЕУ да даде согласност. Досега камен на сопнување беа Франција и Холандија. Но, сега, како што го омекнува Макрон, се појави нова пречка – Германија. На Владата на Ангела Меркел и е неопходно зелено светло од Бундестагот за да одобри почеток на преговорите, но пратениците од нејзината ЦДУ се спротивставуваат. Тие тврдат дека им треба повеќе време за дебата. Тоа им оди во прилог на противниците на проширувањето. Некои и забележуваат на Албанија за судскиот систем, но кандидатурите на двете земји би можеле и да се одвојат. Други, пак, сакаат да и наштетат на Меркел, а и нејзиниот авторитет се намалува како што оди кон завршување на политичката кариера.

„Економист“ наведува дека првичниот план беше за одлуката за преговори да се решава на состанокот на Советот на ЕУ ​​на 18-ти јуни. Но, тоа сега изгледа невозможно. Посебен самит на лидерите би можел да се свика во јули на кој би можела да помине одлуката за Северна Македонија. Но, Бундестагот наскоро ќе започне со летниот распуст. Друга можност нема да се појави до октомври, а дотогаш може да се вкорени навиката на постојани одложувања.

– Секој ден изгубен е опасен за владата на Заев. Откако веќе доживеа едно одложување, гласачите стануваат скептични. Опозицијата, која сé уште е лута од паѓањето од власт, ќе се засили на првиот знак на неуспех. Покрај тоа, до есен Грција веројатно ќе има нова централно-десничарска влада која ќе се соочи со притисок од гласачите против Договорот Преспа да стави вето за преговорите. Дополнително за ЕУ, ​​толку дрското прекршување на ветувањето на една балканска држава ќе ги зајакне лидерите и силите во другите земји, кои велат дека на Европејците не може да им се верува. Тоа ќе наиде на одобрување од другите сили кои душкаат наоколу, како Русија, Кина и Турција.

Спротивно на тоа, отворањето на преговорите со Северна Македонија ќе ги зајакне проевропските реформатори низ целиот Балкан. Започнувањето на прегооврите не е гаранција и за нивно успешно завршување, а пример за тоа е Турција, која ги започна преговорите во 2005 година. Пристапот на Хрватска траеше осум години. ЕУ не треба да ја изгуби довербата во нејзиното најмоќно оружје за надворешна политика. Одбивањето на Северна Македонија би било сурово, самоуништувачко и погрешно, заклучува „Економист“.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Со „мерцедес“ влетал во „Трамп плаза“ и седнал на софата

    Со „мерцедес“ влетал во „Трамп плаза“ и седнал на софата

    Црн „мерцедес бенз“ влетал во лобито на „Трамп плаза“ во њујоршкото предградие Њу Рошел, при што полесно се повредени двајца минувачи и возачот, пренесува „Њујорк…

  • Индија целосно ги забрани електронските цигари

    Индија целосно ги забрани електронските цигари

    Индија воведе забрана за електронски цигари, изјави денес Нирмала Ситарман, министер за финансии на таа земја. Забраната вклучува „производство, увоз/извоз, транспорт, продажба, дистрибуција, складирање и…

  • Сугарески: Се гради нов водовод во Радовиш, ќе нема рестрикции на вода

    Сугарески: Се гради нов водовод во Радовиш, ќе нема рестрикции на вода

    Со проектот за изградба на цевковод и резервоари за вода во неколку населени места во општина Радовиш ќе обезбедиме навремена и постојана дистрибуција на вода…

  • Протест на здравствените работници: Насилството не е решение за проблемите

    Протест на здравствените работници: Насилството не е решение за проблемите

    Под мотото „Стоп за насилство врз здравствени работници“ денеска претпладне во кругот на Клиничкиот центар се одржа протест во организација на Асоцијацијата на специјализанти и…

  • Европскиот парламент ја поддржа Кристин Лагард за местото претседател на ЕЦБ

    Европскиот парламент ја поддржа Кристин Лагард за местото претседател на ЕЦБ

    Европскиот парламент ја поддржа Кристин Лагард за идна претседателка на Европската централна банка (ECB), која ќе биде првата жена на оваа позиција. На пленарната седница…

  • Зошто туристите од Кина се повеќе се свртуваат кон Европа

    Зошто туристите од Кина се повеќе се свртуваат кон Европа

    Кинезите се помалку патуваат во Соединетите Американски Држави, а тензиите помеѓу Пекинг и Вашингтон се само една од причините зошто кинеските патници сè повеќе се…

  • Светската економија тешка 86 илјади милијарди претставена во еден чарт

    Светската економија тешка 86 илјади милијарди претставена во еден чарт

    Светската економија е во бескрајна состојба на флуктуација. Купувањето намирници оваа недела или полнењето на вашиот автомобил со гориво може да изгледа како грешка при…

  • BBC: Зошто Саудиска Арабија и Иран се лути ривали?

    BBC: Зошто Саудиска Арабија и Иран се лути ривали?

    Саудиска Арабија и Иран се два силни соседа и повеќегодишни ривали во борбата за регионална доминација, а неодамнешните напади врз саудиските нафтени постројки за кои…

  • Јункер: Реална опасност од Брегзит без договор

    Јункер: Реална опасност од Брегзит без договор

    Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изјави денеска дека ризикот Велика Британија да ја напушти ЕУ без договор за излез и понатаму останува „многу реален“.…

  • Македонска берза ги објави финансиските разултати на котираните друштва за првото полугодие

    Македонска берза ги објави финансиските разултати на котираните друштва за првото полугодие

    Македонска берза на официјалниот сајт го објави прегледот на финансиските податоци на котираните друштва за периодот 01.01-30.06.2019 година. Од вкупно 101 компанија, 73 завршиле со…