27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските компании предупредуваат: Рецесијата е на пристаниште

Европските компании предупредуваат: Рецесијата е на пристаниште

Се повеќе европски компании ги очекува рецесија во блиска иднина, бидејќи нивните загуби за побарувањата за наплата на проблематични побарувања значително се зголемиле во 2018.

Компаниите објавиле дека учеството на ненаплатени побарувања во вкупните приходи во 2018 година изнесувале 2,31 проценти, што претставува зголемување за 1,69 проценти од 2017 година, се наведува во шведскиот откупувач на долгови Intruad.

Половина од европските компании тврдат дека рецесијата е неизбежна во рок од пет години, додека само 30 проценти сметаат дека нема да има рецесија во нивните земји во догледна иднина, пренесува CNBC.

Во меѓувреме, околу 18 проценти од компаниите веруваат дека нивната земја е веќе во рецесија.

Во Грција и Италија, рецесијата во голема мера се смета како актуелна реалност, бидејќи 93 проценти и 84 проценти од претпријатијата, тврдат дека таа е неизбежна.

Во исто време, во Австрија, Германија и Данска, овие бројки се далеку под 35 проценти.

Генералниот директор на Intruad, Микаел Ериксон, вели дека најновите податоци се сигнал дека “облаците полека се надвиснуваат над Европа”.

“Ако се погледне просекот во европските финансиски институции, тука е нивото на проблематични кредити (NPL) околу 4,0 проценти според најновите статистички податоци”, изјавил Ериксон.

Таа бројка, според неговите зборови, во САД и Јапонија се движи околу 1,0 проценти.

Разликата меѓу северна и јужна Европа е очигледна и во поглед на нивото на NPL.

Во третиот квартал на 2018 година, на пример, Италија имала коефициент NPL од 9,45 проценти, Грција од дури 43,4 проценти, а Португалија од 12 проценти, според извештајот на Европската банка за проценка на ризикот од декември 2018 година, се наведува во текстот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП