28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВака изгледа кога ќе уновчите биткоини на банкомат (видео)

Вака изгледа кога ќе уновчите биткоини на банкомат (видео)

Патниците кои се нашле на Bond Street станицата во подземната железница во Лондон имале можност да видат малку бизарна и интересна сцена.

Маж на средни години стоел покрај банкомат пред кој била поставена спортска торба и со насмевка на лицето гледал како банкоматот исфрла куп банкноти.

Банкноти имало толку многу што летале и околу самата торба во која требало да паднат, а целиот настан привлекло големо внимание па така блискиот чувар морал да ги спречи луѓето да ги собираат ”одлетаните” пари.

Се чини дека на човекот кој стоел покрај банкомат тоа не му пречело. Впрочем, што е неколку банкноти од 20 фунти, кога во вреќата се проценува дека имало неколку десетици илјади фунти?

Човекот едноставно ги уновчил неговите биткоини на банкомат кој конвертира криптовалути. Како што објасниле за Daily Mail од полската компанија, која е сопственик на банкоматот, банкоматот може да обработи и да исплати големи количини, но е полнет со банкноти од мала вредност.

Некои луѓе на интернет изразиле сомневање во врска околу самото видеото и истакнале дека можеби во прашање е изведба која сака да го промовира тргувањето со криптовалути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП