Францускиот претседател Емануел Макрон вети дека ќе испрати нова садница од дабово дрво на американскиот колега Доналд Трамп, откако дрвото што му го поклони за време на минатогодишната посета на Соединетите Американски Држави се исуши.
Макрон во интервјуто кое беше објавено во вторник навечер на швајцарската телевизија РТС изјавил дека “смртта” на дрвото не треба да се гледа како индикатор за односот на Франција и САД.
“Тоа не е голема драма. Симболично беше да го посадиме заедно”, изјавил Макрон.
Дабовото дрво се исушило за време на карантинот во кое беше ставено, веднаш откако Макрон и Трамп симболично го посадија во градината на Белата куќа.
Макрон ветил дека ќе испрати уште една садница на дабово дрво од шумата Бело во северна Франција, во која повеќе од 1.800 американски маринци загинале во 1918 година во една од клучните битки во Првата светска војна.